Во саботата (27.04) се отвори новиот маркет на „Тинекс“ во општината Илинден, на улица 2, бр 1.
Со својот современ изглед и привлечен ентериер, нашиот нов маркет во Илинден нуди пријатна атмосфера за пазарење. На располагање има вкупна површина од 650m2 од кои 85m2 магацински дел и во асортиманот ќе најдете голем избор на производи од различни категории. Покрај редовните оддели со широка палета од над 5000 производи, нашата пиљара ви нуди свежо овошје и зеленчук, додека нашата месарница располага со богата понуда на свежо и квалитетно месо, како и преработки од месо. Одделот за сувомесни и млечни деликатеси е секогаш полн со разновиден и голем избор, како и нашата пекара со своите свежи пекарски производи - од топол, крцкав леб до различни видови пецива од Моја Пекара, соопштуваат од компанијата.
Во новиот маркет има три наплатни каси, а за купувачите да бидат брзо и ефикасно опслужени, вработени се 18 лица.
Ние сме посветени на обезбедување на квалитетни производи, но и производи кои се ексклузивно достапни кај нас кои ги задоволуваат потребите на нашите потрошувачи, соопштуваат од „Тинекс“.
Извор/Фото: „Тинекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.