Македонија

Формиран Центар за дигитална трансформација на компаниите

26 Apr 2024

Новоформираниот Центар за дигитална трансформација „Го дигитал“ ќе им помага во дигитализација на микро, малите и средни компании на кои им недостигаат дигитални вештини, кои би им помогнале да бидат видливи и конкуренти на глобалниот пазар. 

Центарот е основан е од бордот на „Македонија 2025“ и е  непрофитна организација, а целта е да се создаде екосистем кој ќе ја поддржи дигитализацијата.

 Дел од со-основачите на „ГоДигитал“, Никица Мојсоска Блажевски и Васко Кроневски  ги истакнаа клучните предности и стратешки цели на новата организација.  Со-основачите изразија оптимизам за иднината и за потенцијалот на Центарот да придонесе кон дигитален и економски развој на земјата.

 Сметавме дека е најдобро да основаме, нова, непрофитна организација чија цел е да го развие еко-системот за дигитална трансформација бидејќи недостигаат консултанти коишто знаат како да ги дигитализираат компаниите, компании коишто се доволно свесни за предностите на дигитализација, како и дигитални решенија кои одговараат на потребите на домашните компании, изјави Никица Мојсоска Блажевски.

Претставници од партнерските организации, вклучувајќи ги и „ИМЕ“, „КИБС“ и „Виза“ Југоисточна Европа, ја изразија својата поддршка за новоформираниот Центар. Членовите на одборот на директори на „Македонија2025“ ја потврдија својата посветеност кон целите на Центарот „ГоДигитал“, со посебен акцент на поддршката на економскиот раст и дигитализацијата на земјата.

„ГоДигитал“ веќе ја заврши својата прва поголема активност, обука на бизнис консултанти кои ќе им помагаат на компаниите да развијат стратегија за дигитална трансформација, како и да ја имплементираат истата. Обуката е според меѓународен курикулум и меѓународна сертификација. Следната фаза е селекција на успешни компании кои ќе бидат поддржани од програмата на „ГоДигитал“  изјави Васко Кроневски.

Извор/Фото: „ГоДигитал“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...