На 23.април, „Тинекс“ прослави 30 години од отворањето на првиот маркет, кој беше отворен во населбата Карпош 3, во кој беа вработени 15 лица.
Во тоа време отварањето на еден ваков бизнис беше вистински предизвик од една страна, но и огромно задоволство за потрошувачите од друга страна. Иако многумина беа скептични за идејата, тогашниот мал тим од помалку од 15 луѓе напорно, деноноќно работеше на остварување на својот сон, кој денес е вистинска гордост за сите нас Со отворањето на првиот маркет во населбата Карпош 3, „Тинекс“ стана првиот супермаркет во Македонија што воведе нови, дотогаш неприменети практики во малопродажбата и услужувањето на потрошувачите. Оттогаш „Тинекс“ е насочен кон примена на најновите технологии и принципи на работење, кои се насочени кон усовршување на потрошувачкото искуство, со акцент на задоволството од пазарењето, соопштуваат од компанијата.
Денес, мрежата на „Тинекс“ брои 42 маркети низ 10градови во Македонија: 16 „Супер Тинекс“ маркети, 3 „Деликатесен Тинекс маркети“ 23 „Тинекс маркети“.
Асортиманот на „Тинекс“ денес брои повеќе од 25.000 производи од домашно и странско потекло. Денес располагаме со над 3.000 производи од различни делови од светот и истите се екслузивно достапни во нашата продажна мрежа, соопштуваат од компанијата.
Извор/Фото: „Тинекс“/Facebook
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.