Македонија

Верица Мартиновска: Жените на лидерски позиции носат уникатни решенија

08 Mar 2024

Една од најважните работи е балансот во животот, па и во компаниите. Баланс се постигнува само со вклучување и на жените во тимот, правејќи диверзификација на карактери, типови на личности, жени и мажи, помлади и постари... Тоа богатсво на различности дава различни перспективи и ни отвара повеќе можности.

Пишува: Верица Мартиновска, директорка на магазинот InStore и на „Кликер маркетинг“

Жените на лидерски позиции носат уникатни перспективи и искуства во донесувањето одлуки, што резултира со поиновативни решенија, подобра соработка и позитивна корпоративна култура.

Секако дека жените и мажите треба да имаат еднакви права и можности, но дека сме еднакви или дека може и треба да бидеме еднакви, односно исти, не сум сигурна. Па сепак, имаме многу успешни жени во нашата држава, кои се доказ дека ако се сака, сѐ се може. Можеби на жените им треба малку повеќе упорност, но тоа не е проблем, жените секако се многу упорни. А тоа мажите, најдобро го знаат. 

Ако треба да одвојам една фантастична карактеристика кај жените тоа е мултитаскингот. Способноста да се жонглира со бројните обврски, со бројните улоги, е предуслов да се биде успешен претприемач. А жените во тоа се најдобри. Можат истовремено да водат повеќе проекти, да надгледуваат повеќе тимови, да бидат и убави и насмеани, и строги и праведни, да бидат креативни и аналитични истовремено.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...