Македонија

Од 5.март ќе се применува системот за препознавање на работни дозволи во земјите од Отворен Балкан

04 Mar 2024

Од петти март македонските граѓани ќе можат да работат во Србија и Албанија без било какви процедури и дозволи и за тоа ќе им треба само еден клик за да добијат слободен пристап до пазарот на труд како дел од иницијатива Отворен Балкан.

Вицепремиерот и министер за финансии  на Србија, Синиша Мали на Бизнис форумот Копаоник најави дека од утре, 5 март, ќе почне имплементацијата на системот за препознавање на заедничките работни дозволи меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.

Утре е 5 март, така што ќе стапи на сила системот за препозвање на работните дозволи меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија. Ова многу ќе придонесе за развојот на пазарот на трудот и флуктуацијата на кадрите, изјави Мали.

Тој кажа дека тоа ќе значи дека имате ситуација некој што има работна дозвола, на пример во Албанија, може да работи во Србија и обратно.

За да можат граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија да се вработат во некоја од земјите на Отворен Балкан или оние кои веќе нашле работодавач, треба да имаат ИД број на ОБ што ќе го креираат електронски.

Ова подразбира дека корисникот има електронски идентитет на својот национален Портал за е-управа, а потоа во неколку чекори креира свој ИД број на Отворен Балкан.

Извор: Бриф

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...