Македонија

Вработените од „Малиќи груп“ ќе се вклучат во нацоналната кампања „Биди срцевина - биди херој“

08 Feb 2024

Вработените од компанијата „Малиќи груп“ ќе се вклучат во нацоналната кампања „Биди срцевина -  биди херој“, која ја спроведува Клиниката за Хематологија, со поддршка на Министерството за здравство и Институтот за хумана генетика, на 9 февруари (петок ) во ресторанот „Фор“, од 10 до 13 часот.

Повод за оваа акција е отворањето на првиот Регионален центар за трансплантација на коскена срцевина во рамките на Клиниката за хематологија, кој освен за осигурениците на Северна Македонија, е оспособен за лекување пациенти и од Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, каде овие интервенции се уште не се воведени.

Воедно се приклучуваме на апелот на здравствените власти, што повеќе граѓани да се запишат во Регистарот на доброволни дарители на коскена срцевина. Повикувајќи се на нашите алтруистички убедувања, доброволци од „Малиќи груп“ ќе имаат можност да донираат само 5 мл крв и со тоа ќе се запишат во Регистарот на доброволни дарители на коскена срцевина. Воедно ги охрабруваме сите добронамерници кои сакаат да се запишат во овој Регистар, да дојдат во ресторанот „Фор“ на 9 февруари 2024 година.Во светот на секои 4 минути, еден човек заболува од леукемија. Секој од нас може да помогне, за некој повторно да биде здрав!Да се зачлениме во дарителскиот регистар на коскена срцевина и да бидеме нечиј херој! , соопштуваат од „Малиќи груп“.

Извор: „Малиќи груп“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...