Македонија

„Ниелсен аудиенце меaсуремент“: Најрекламираните брендови

31 Jan 2024

Ви претставуваме преглед на огласувањето на категориите и брендовите на ТВ-станиците во Македонија и во Косово. Извор за овие податоци е „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија (www.nielsen.com). На ниво на македонскиот пазар „Ниелсен аудиенце меaсуремент“  е единствениот мерач на телевизиска гледаност избран од Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Р. Македонија. 

Автор: Благородна Вревезовска, оддел за односи со клиенти, „Ниелсен“ - Македонија и Косово, blagorodna.georgievska@nielsen.com

Телевизијата и понатаму останува најдоминантен медиум преку кој се стигнува до посакуваната публика. Компаниите максимално ја користат секоја секунда за во најдобро светло да ги прикажат производите и услугите што ги нудат. „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ на нашиот пазар е единствениот мерач на телевизиска гледаност избран од Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Р. Македонија, кој со години наназад нуди обемни анализи за активноста на компаниите.

Анализите за Македонија се правени на Live + As Live Activity – тоа се секојдневни рејтинзи кои опфаќаат реално гледање телевизија во живо + рејтинзи од одложено гледање телевизија како во живо на ТВ-содржини во текот на истиот ден кога се емитувани, но не се гледани во живо во времето на емитување. На пример, на одреден канал X се емитуваат вести во 9 часот наутро, гледачот/корисникот ги гледа истиот ден, но не во времето кога се емитувани во живо преку снимање или ТВ-тека (опции што ги нудат ТВ-провајдерите во земјата).

Варијаблата по која се правени извештаите е Eq.GRP и нивниот удел. GRP (Gross rating point) е збор на рејтингот на секој индивидуален рекламен спот, а Eq.GRP (Equivalent Gross rating point) или 30 секунди GRP е еднакво на рејтингот кој би се остварил кога должината на рекламниот спот би била 30 секунди. Секој производ има своја целна група, а за да се направи споредлива анализа, потребно е за целата категорија каде што тој производ припаѓа да се избере една или повеќе целни групи. Сите извештаи се правени на целна група тотал индивидуалс (Македонија 4+ – сите индивидуи на ниво на цела земја од 4-годишна возраст нагоре). Се разбира дека анализите би биле поинакви кога би се направиле на други целни групи, како на пример: сите 18-49, жени 20-50 и други.

„Ниелсен аудиенце меaсуремент“ за специјалното издание Must Have направи анализи на телевизиската активност според категории, од каде што се добиени најрекламираните огласувачи и брендови. Анализата е направена за периодот од 1.1.2023 до 30.11.2023 година на ТВ-станиците Сител, Канал 5, Алфа, Телма и Алсат М.

Во поглед на категориите рангирани по остварени Eq.GRP, забележливо е дека и годинава на ТВ најмногу се присутни помошните лековити средства. Потоа следуваат категориите: перење и одржување на алишта и садови; мебел и дополнителна опрема; безалкохолни пијалаци, банки и банкарски услуги итн.

Во табела 1 може да ја погледнете анализата на Топ-огласувачи рангирани по остварени Eq.GRP.

Табела 1: Топ-огласувачи по остварени Eq.GRP, од 1.1.2023 до 30.11.2023

Топ-огласувачи според број на инсертации (емитувања) за периодот од јануари до октомври 2022. Во табела 2 е дадена компарација во однос на број на објави на истите ТВ-станици на секој огласувач, додека во табела 3 може да се погледнат Топ-брендовите по остварени Eq.GRP.

Табела 2: Топ-огласувачи според број на инсертации, 2022 и 2023 година

*Целосната листа може да ја погледнете во изданието MUST HAVE 2024

Табела 3: Топ-брендови по остварени Eq.GRP, од 1.1.2023 до 30.11.2023

*Целосната листа може да ја погледнете во изданието MUST HAVE 2024

Поднаслов: Извештаи за ТВ-сцената на Косово

„Нилсен“ им обезбедува на огласувачите, агенциите и сопствениците на медиуми слика на целиот конкурентски пазар, мониторирајќи: кој се рекламирал - на кој медиум - колку чинела кампањата - колку реклами и кои формати на реклами биле емитувани на ТВ. Со услугата се опфатени најважните ТВ-станици во Косово: РТВ21, РТК1, Клан Косова, АТВ КТВ, Дукагини и Т7. Официјален претставник на „Нилсен“ за локална продажба на пазарот и партнер е „Пикаса“ – www.pikasa.ai

Анализите се прават со помош на најсофистицираната и најнапредна алатка во процесот на иновации за софтверски анализи на „Нилсен“ – АРИАНА.

Во продолжение може да ја погледнете табела 4 за топ-огласувачи по број на инсертации за периодот од 1.1.2023 до 30.11.2023 година. Со оваа анализа го претставуваме бројот на објави на телевизиски реклами што ги имале огласувачите, додека во табела 5 може да се погледнат топ-брендови по број на инсертации за истиот период.
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...