Од 130 компании биле наплатени 2,3 милијарди денари по основа на данок на солидарност, заклучно со 8 ноември.
Најголем износ, од 257,3 милиони денари, биле уплатени од една скопска компанија чија дејност е леење челик и која за 2022 година имала вкупен приход 11,3 милијарди денари.
Обврската да го платат данокот на солидарност ја имаат 156 компании, меѓу кои и едно јавно претпријатие, со вкупен износ 3,029 милијарди денари. Дваесет и шест компании сѐ уште не ја подмириле обврската и вкупно должат 726,6 милиони денари, и покрај рокот што им е даден од Управата за јавни приходи.
Директорката на УЈП Сања Лукаревска на брифинг со новинарите денеска соопшти дека речиси половината од компаниите што не ја исполниле обврската се од Скопје, а останатите се од Неготино, Струмица, Гевгелија, Делчево, Битола, Прилеп, Чучер Сандево, Гостивар, Слупчане, Желино, Охрид.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.