Македонија

Панел дискусија на 9 FMCG Summit : Дозволени се промотивни акции за сите производи во малопродажба

26 Oct 2023

Во рамките на  9 FMCG Summit се одржува панел дискусија помеѓу Владата и секторот на тема: Кој добива, а кој губи со актуелните мерки?

Модератор на дискусијата е Горан Теменугов, а дискутираат, министерот за економија, Крешник Бектеши, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, комерцијалниот директор на „Лион“, Икица Павлоски и извршниот директор на „Еуро табак“, Климе Булоски.

Павлоски и Булоски посочуваат дека мерките за забрана на промотивните акции на производите предизвикале стрес во малопродажбата. На што министерот Бектеши потенцираше дека немало никакви забрани за промотивни акции, туку се работело за недоволна информираност, односно, забраната за промотивни акции во кои се злоупотребувале купувачите за производи кои биле пред истек на рокот на траење.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески истакна дека потребно е обединување на бизнис секторот и подобрување на комуникацијата меѓу Владата и компаниите, за што тој самиот ќе се залагал во најскоро време да седнат на заедничка маса.

Бизнисот треба да се почитува, бидејќи тој шест месеци однапред ги чувствува промените, истакна Азески.

Во дискусијата се отвори и темата за новиот предлог Закон за нефер трговски практики.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...