Македонија

Македонски брендови ги претставија своите производи на престижниот саем „Ануга“

09 окт 2023

Дваесетина македонски компании се дел од престижниот светски саем за храна и пијалоци Ануга 2023.

Овој саем е еден од најпрестижните во светот и се одржува од 7 до 11 октомври во Келн, Германија. „Ануга“ обединува водечки дистрибутери, производители и претставници на најпознатите ланци на маркети од целиот свет, и се одржува еднаш на секои две години.

Учесниците на саемот истакнуваат дека тој е одлично место каде што може да се разменат искуства и успешни практики од светот на бизнисот со храна и пијалоци.

На листата учесници на саемот, со свои штандови се најдоа македонските „Витаминка“, „Вивакс“, „Жито пром“, „Виталиа“, „Мамас фуд“, „Пекабеско“, „МАП – Макeдонска асоцијација на преработувачи“,  „Аграр КО“, „Best food TI“, „Ексклузив ДОО“, „Хортена“, „Кадино“, „Гурмано“, „Ким“, „Конимекс“, „Лион“, „Винчини“, „МАКС фуд“,„СОКО Горица“, „Техноалат комерц“, „Випро“, „Вори Јорданка“.

Од „Ануга“ велат дека тие како водечки светски саем за храна и пијалоци, ја обединуваат најголемата меѓународна индустриска заедница и генерираат позитивен дух на оптимизам.

„Во време на потресни промени, кои влијаат на одржливоста на глобалниот пазар, заедно со изложбените компании и водечки институции, како и експерти, во Ануга нудиме можност за интензивна размена на идеи и решенија. Нашата цел е да обезбедиме сеопфатен и меѓународен преглед на пристапите за одржлив систем на храна“, вели директорот на „Ануга“, Јан Филип Хартман.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...