Македонија

„Кожувчанка“ – партнер за развој на стручен кадар во Македонија

27 Sep 2023
Компанијата „Кожувчанка“ се приклучува во реализација на швајцарскиот проект воден од М6 Едукативниот центар, со кој приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадарот во државата.
 
Месецов во Кавадарци повеќе компании од приватниот сектор, меѓу кои и „Кожувчанка“, го најавија своето партнерство со кое ќе помогнат во развој на стручниот кадар кај нас.
 
На панел дискусијата „Патека кон прогресот: Вклучување на приватниот сектор во професионалното образование” говореа амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ Тиквеш, Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци и Горан Митрески, генерален директор на Кабтел.
 
Препознаваме, помагаме и секогаш се стремиме да бидеме дел од значајни проекти за нашите граѓани и нашата држава. Сите кои имаме можност треба да се заложуваме за доброто на општеството во кое живееме. Кожувчанка и останатите компании, со ова партнерство покажуваат дека се за развој на иновации, како и за економски и социјален просперитет на земјата, изјави генералната директорка на „Кожувчанка“ Јанинка Чупаркоска.
  
Во реализацијата на овој проект, своите ресурси и експертиза ќе ги стават на располагање компаниите: „Алкалоид“, „Тиквеш“, „Триглав осигурување“, „НЛБ Банка“, „Аутомакедонија“, „Витаминка, „Кроација осигурување - Живот“, Кроација осигурување – Неживот, „ЕОС Матрикс“, „Кабтел“, „Дуна“, АМСМ, „Кромберг и Шуберт“, „Раде Кончар - контактори и релеи“, „AM Церт“, „Брокер AM“ и „Нептун“


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...