Во посета на „Алма М“, компанија која дистрибуира производи по маркетите опфатени со мерката „гарантирана цена“, беа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
Посетителите имаа можност да се сретнат со Муарем Муртезани, сопственик на „Алма М“ и со Ивица Петровиќ, генерален директор на компанијата и притоа да се запознаат со долгогодишното успешно работење на компанијата.
На средбата премиерот Ковачевски и менаџментот на компанијата разговараа за новите владини одлуки за намалување на цените на над 50 производи, притоа премиерот потенцираше дека како Влада нема да престанеме да работиме на подобрување на егзистенцијалното прашање на граѓаните во Северна Македонија, како и на економскиот раст на државата.
Со мерката ,,гарантирана цена“ овозможуваме поевтини производи од 10% до 40% за заштита на стандардот на граѓаните. Од голема важност за економијата и за напредокот на државата се компаниите кои придонесуваат кон што побрза и поефикасна имплементација на мерки со кои го штитиме стандардот на граѓаните, истакна Ковачевски.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.