Како дел од конкурсот на dm – {ЗАЕДНО} за подобро утре, компанијата ќе поддржи шест општествено одговорни проекти насочени кон благосостојбата и здравјето на жените и со тоа ќе овозможи спроведување на најдобрите иницијативи на различни здруженија и организации вредни повеќе од 3 милиони денари.
На конкурсот на dm, кој беше отворен кон средината на јули, а заврши на 20. август право на учество имаа сите организации, здруженија, институции и други регистрирани правни субјекти, кои до истекот на крајниот рок ги регистрираа своите проекти преку онлајн формуларот на платформата dm-zaedno.mk. На повикот на компанијата беа пријавени повеќе од 60 проекти, а стручна жири комисија избра шест иновативни идеи кои поддржуваат различни аспекти на физичкото, менталното и социјалното здравје на жените, како и пристапот до здравствени услуги.
Одбраните проекти покриваат широк спектар на теми за подобрување на женското здравје, како пост-породилна депресија, подигнување на свеста за превентивни прегледи, здрав начин на исхрана и редовна физичка активност, зајакнување на менталното здравје, унапредување на квалитетот на животот преку влијание врз менструалната сиромаштија, како и поддршка за мајките на деца со пречки во развојот.
Сите пријавени и одбрани проекти можат да се погледнат на платформата dm-zaedno.mk.
Горди сме и благодарни што бројни здруженија и организации ја препознаа важноста на нашата кампања за женско здравје и ги доставија своите проекти и иницијативи за поддршка на жените во областа на физичкото, менталното и социјалното здравје на нашиот отворен конкурс. Охрабрени од ова, сакаме да поддржиме проекти кои ќе придонесат за развој и имплементација на оваа тема во локалната заедница. Задоволни сме што проектите имаат одржлив карактер и што нивната реализација во иднина ќе донесе придобивки за што поголем број наши сограѓани. Сметаме дека избраните идеи ќе ја зголемат свесноста за сите важни прашања поврзани со унапредување на женското здравје, изјавија од компанијата.
Кампањата за зачувување и подобрување на женското здравје беше лансирана со намера да пружи поддршка за сите жени преку зајакнување на инклузивноста и рушење на воспоставените бариери во општеството. Покрај конкурсот, dm оствари и соработки со бројни експерти од различи стручни области, како фитнес инструктор и советник за исхрана, дерматолози, консултант за доење и психофизичка подготовка на трудници и психолог, со кои се обиде да ги разбие стигмите и отворено да проговори на сите теми кои ги засегнуваат жените во модерното општество. Во рамките на овие соработки беа одржани и online тренизи за физичко здравје, online обука за доење, како и бесплатни дерматолошки прегледи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.