Македонското сирење и млечни производи ќе бидат дел од „Чеес“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи што во организација на мрежата „Слоу Фуд“ од денеска се одржува во италијанскиот град Бра.
Годинешната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе собере мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги претстават своите производи, да споделат идеи и заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат. На манифестацијата ќе има и презентации, конференции, дегустации и работилници или вкупно 122 најавени содржини.
Македонија на Фестивалот за сирење во Бра ќе биде претставена како ризница на гастрономски и културни традиции, како и крстопат на народи, религии и култури. Македонскиот штанд ќе ги пречека посетителите со интересна програма на дегустации и активности.
Покрај презентации, програмскиот координатор на „Слоу Фуд Македонија“, Елена Каровска Гошевска, ќе одржи и работилница за вкус, насловена „Сезонско селење на стоката во Македонија, на која преку презентација на кулинарското наследство на Македонија ќе се открие македонското солено „парче млеко“ со планинските сирења од Маврово.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.