Македонија

Исплатени 88,6 милиони денари на 5.400 корисници за произведено и предадено млеко

25 Aug 2023

На 5.400 корисници на подмерката за земјоделски стопанства, кои произведуваат кравјо, овчо и козјо млеко им се исплатени 88,6 милиони денари, соопшти Платежната агенција.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко, во месеците мај и јуни 2022 година.

Во изминатиот период Агенцијата ја реализираше и исплатата за предаденото млеко од јануари – април 2023 година со што заедно со денешната премија по овој основ се исплатени над 232 милиони денари, вели директорот на Агенцијата Никица Бачовски.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...