Македонија

КАМ повторно ги зголемува платите - основната почетна плата за касиери е 28.000 денари

11 Jul 2023

„КАМ маркет“ третпат годинава ги зголемува платите на своите вработени во маркетите во Скопје. Со новото покачување, основната почетна плата за касиери е за 29 отсто повисока од законската минимална плата и изнесува 28.000 денари со можност за исплата со додатоци и бонуси да достигне и над 31.000 денари.

Дополнително, компанијата континуирано нуди обука за оние кандидати кои немаат искуство во трговија. 

КАМ во континуитет го држи првото место меѓу маркетите, со исплатени највисоки просечни нето-плати со додатоци. Новото зголемување е дел од стратегијата на компанијата, каде грижата и развојот на човечкиот капитал е еден од најважните приоритети, соопшти трговецот.

Неодамна КАМ ја прошири и листата на бенефиции – го зголеми регресот за годишен одмор на 37.600 денари и воведе колективно осигурување за сите вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработени чие живеалиште е оддалечено повеќе од 5 километри од маркетот во кој работат. Оваа листа веќе опфаќа значителни придобивки, како што се слободен ден за роденден, ваучер за склучен брак, пакет производи за Бадник и Велигден, попусти за одмор во хотелот „Вилиџ“ итн.

Растот на платите во нашата компанија е континуиран процес, на кој остануваме посветени. Се фокусираме и на професионалниот раст и задоволство на вработените кои имаат огромен удел во севкупната слика на нашата компанија, велат од КАМ.

Центарот за обука на „КАМ“ континуирано реализира програми за вработените за стручно надградување и прилагодување на развојните потреби на компанијата. Значајно место во програмата за грижа и развој на човечките ресурси има и проектот за поддршка на дуалното средно образование, во чии рамки се склучени договори за соработка со осум средни училишта и педесетина ученици веќе се активно вклучени во работните процеси на компанијата. Дополнително, почнат е процес за реализирање пракса за студенти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...