Отворен е почесен конзулат на Кралството Норвешка во Македонија. Почесен конзул е Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“, во чии простории е отворен конзулатот.
Во присуство на владини министри, претставници на бизнис-заедницата, на дипломатскиот кор, пријатели и деловни соработници, на отворањето говореше државниот секретар во норвешкото МНР, Ајвинд Вад Петерсон, кој го потенцира одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји.
Петерсон ги поздарви напорите на земјата како претседавач на ОБСЕ, притоа укажа дека Норвешка е најголемиот билатерален донатор на Инвестициската рамка за Западен Балкан, преку која од 2019 година се поддржани 29 проекти во Северна Македонија, во вредност од 2,6 милиони евра.
Јас и мојот тим ќе направиме се за промоција на Кралството Норвешка и на билатералните односи меѓу двете земји кои се сојузници во НАТО, за унапредување на соработката, рече почесниот конзул Живко Мукаетов.
Освен што успешно раководи со „Алкаллоид“, Мукаетов веќе 16 години ја извршува и функцијата Генерален конзул на Кралството Данска.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.