Македонија

„Атлантик“ донираше над 30.000 денари за децата во Институтот „Козле“

15 Jun 2023

Компанијата „Атлантик ДООЕЛ“- Скопје ги предаде собраните средства во донаторската акција наменета за Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле. 

Акцијата се спроведе од 1 април до 31 април. Притоа, компанијата од секое продадено парче тестенини од брендот Marcella одвои по 1 денар за подобрување на условите за лекување на децата во Институтот „Козле“. 

Продадени се преку 30.000 Marcella  производи за еден месец. Донирани се преку 30. 000 денари (поточно 30.385 денари) за „Институт за белодробни заболувања кај децата - Козле“.  Благодарност до сите што се вклучија во донаторската кампања, објавија од компанијата.

„Атлантик“ – Скопје е компанија што произведува тестенини под брендот Marcella. Капацитетот на производство е околу 28.000 кг. во една смена, што како што истакнуваат од компанијата, е најголемиот производствен капацитет за оваа категорија во Македонија. Брендот е присутен на околу 1.000 продажни објекти во земјата, а компанијата произведува и приватни марки за најголемите дисконтери

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...