Прехранбената индустрија „Кристал 1923“ од Велес ја продава стоковната куќа „26 јули“ во Скопје. Овој објект е меѓу повеќето објекти во сопственост на компанијата, за кој акционерите на „Кристал 1923“ на седницата одржана на 8 јуни одлучија дека треба да се продаде.
Одлуката беше објавена преку Македонска берза.
Стоковната куќа „26 јули“ е со површина од 1.370 квадратни метри (1840/2000 идеален дел), и е лоцирана е на бул„Крсте Мисирков“ 63 односно кај скопски „Бит пазар“. Во неа сега се сместени тезги за текстил и други производи.
Според Одлуката, „Кристал 1923“ продава и продавници во Битола, Куманово, Кавадарци и во Охрид.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.