Македонија

Осумдесет проценти од германските инвеститори повторно би инвестирале во Македонија

08 Jun 2023

Oсумдесет проценти од германските инвеститори повторно би инвестирале во државава, а за 71 процент зголемувањето на цените на енергијата е еден од најголемите ризици за нивниот развој, покажува истражувањето за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Македонија (АХК) и Македонско - германското стопанското здружение.

Во анкетата, спроведена во февруари и март годинава со учество на 45 од вкупно 150 членки на здружението, 80 проценти од анкетираните навеле дека сакаат да ја прошират инвестицијата, како и да го зголемат бројот на работни места во државава.

Анкетираните компании се задоволни од квалификацијата и продуктивноста на вработените, како и од квалитетот и достапноста на локалните добавувачи, но искажале незадоволство во однос на борбата со корупцијата, правната сигурност и ефикасноста на јавната администрација.

Третина од анкетираните компании сакаат да ги прошират своите инвестиции во Македонија. Тоа е за 10 отсто повеќе во споредба со 2022 година. Овој позитивен тренд се забележува и во однос на новите работни места. Само 11 отсто од анкетираните очекуваат да го намалат бројот на работни места во тековната година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...