Македонија

„Виталиа“ ја зајакнува својата позиција на Балканот со нови дистрибутивни партнерства

05 Jun 2023

Компанијата за производство на здрава храна „Виталиа” ја најави својата соработка со нови дистрибутивни компании.

“Колид Фудс” како водечки дистрибутер во својата област, ќе се грижи за одржување на квалитетна дистрибутивна мрежа во Македонија, додека пак во Косово таа улога ја превзема компанијата „Бучај Корпорација”, исто така лидер на пазарот од областа на дистрибуција и логистика, соопштија од „Виталиа“. 

Новата соработка ни овозможува успешно исполнување на нашата компаниска мисија – здрава храна достапна за секого, како и поблиско запознавање со потребите и прехранбените навики на потрошувачите. Вистинската моќ на нашиот бренд лежи во иновативноста, квалитетот и вкусот на нашите функционални производи. Со новите партнери добиваме додадена вредност која ќе овозможи нашите производи да станат подостапни и поблиски до нашите потрошувачи. Заедно, ќе продолжиме да чекориме по патот на успехот и да создаваме заедница која е посветена на културата на здраво живеење – изјави Искра Ветаџокоска - Муцунска, генерален менаџер и косопственик на „Виталиа“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...