Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за финансиска поддршка на мали дестилерии.
Поддршката за малите дестилерии произлегува од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци, како нова мерка за поддршка, која за прв пат започнува со реализација од оваа година.Целта на програмата за финансирање на микро земјоделски производители на алкохолни пијалаци е поддршка на земјоделските стопанства во остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на жестоки алкохолни пијалаци.
Висината на финансиската поддршка изнесува до 300.000 денари по корисник. Средствата можат да бидат искористени за набавка на опрема за производство на жестоки алкохолни пијалаци и ангажирање на стручно лице, технолог за производство на алкохолни пијалаци. Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како земјоделци–мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, или регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели–мали дестилерии, согласно Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.
Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.
Досега се регистрирани 23 мали дестилерии. мали дестилерии.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.