Компанијата „Даути комерц“ се стекна со статус на Овластен eкономски oператор (ОЕО) за царински поедноставувања, безбедност и сигурност во работењето.
За оваа цел, директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров, заедно со заменик директорот Муарем Асани и висок раководен тим од Царинската управа беа во работна посета на компанијата Даути Комерц, на која беше доделено Одобрението за Овластен економски оператор.
Ова е уште едно признание за досегашното успешно работење на „Даути комерц“, доказ дека компанијата е препознаена како сигурен и безбеден партнер на Царината и има воспоставено контрола над процесите на своето работење, соопштија од Царинската управа.
На средбата директорката Кутиров истакна дека сè повеќе компании ја разбираат потребата и важноста да се биде ОЕО. Исполнувањето на условите за добивање на статус на ОЕO, на овие компании им овозможува примена на царински поедноставувања,намалени контроли, кои важат од неоддамна и во земјите од Отворен Балкан. Ова истовремено влијае на јакнење на нивната конкурентност во регионот и ЕУ.
„Даути комерц“ е 27 по ред македонска компанија која добива статус на Овластен економски оператор.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.