Државниот пазарен инспекторат(ДПИ) во соработка со Агенцијата за управување со одземен имот решија овошјето и зеленчукот што вчера беа запленети од Кванташки пазар да го поделат во повеќе институции.
По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар која Државниот пазарен инспекторат ја спроведе заедно со Управата за финансиска полиција, Министерство за внатрешни работи и Агенцијата за управување со одземениот имот, одржавме средба со Дритон Небиу, директор на Агенцијата и заеднички одлучивме запленетата роба од овошје и зеленчук да биде донирана во државните установи каде што е најнеопходна, информира Горан Трајковски, директор на ДПИ.
Донации од запленетите овошје и зеленчук се предадени во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица - Куманово, ЈЗУ специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци - Скопје и во КПУ Идризово.
Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи. Им благодарам и на пазарните инспектори и на колегите од надлежните институции кои несебично и најпрофесионално си ја завршија работата. Продолжуваме понатаму со активностите на терен, кажа Трајковски.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.