Македонија

Ниелсен аудиенце меaсуремент: Млечни реклами

12 Apr 2023

ТВ-анализа на огласувањата на категоријата млеко и млечни производи за периодот од јануари 2022 до јануари 2023 година

 Ви претставуваме преглед на огласувањето на категоријата млеко и млечни производи на ТВ-станиците во Македонија. Извор за овие податоци се Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија, Скопје и „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија (www.nielsen.com), единствениот мерач на телевизиска гледаност на ниво на земјата избран од СИЗ - Комитет за мерење на публиката во земјата.

(„Ниелсен аудиенце меaсуремент“ е специјализирана агенција за истражување на гледаноста на телевизија)

ТВ-станици: „Сител“, „Канал 5“, „Алсат М“, „Телма“ и „Алфа“

  • Целна група: тотал 4+
  • Период: јануари 2022 до јануари 2023 година, 24 часа од понеделник до недела
  • Големина на ТАМ-панел – 520 инсталирани домаќинства

Варијабли во анализата се EQ GRP 30 на целната група тотал 4+ и нивниот удел. GRP е збир на рејтингот од секој индивидуален рекламен спот, EQ GRP или 30 секунди GRP е еднакво на GRP што би се остварил кога должината на видеоспотот би изнесувала 30 секунди.

Секој производ има посебна целна група, а за да се направи споредлива анализа, потребно е за цела категорија да се избере една целна група. Тоа е целната група 4+. Резултатите би биле поинакви кога, на пример, би ја анализирале групата жени на возраст од 18 до 49 години.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...