Македонија

„Растеме заедно“ - Бимилк и СОС Детско село ја продолжуваат соработката

10 апр 2023

„Битолска млекара“ ја продолжува соработката со СОС Детско село така што поддршката од компанијата во финансиска помош и донации во добра станува долгорочна цел и помош за организација.

 Стратешкото партнерство опфаќа финансиска помош за згрижувачките семејства на месечно ниво. Оваа соработка и „Битолска млекара“ како донатор значајно ќе ја помогне континуираната работа на организацијата и поддршка за оние на кои им е најпотребно – децата и младите без родителска грижа.

Создавањето на ова стратешко партнерство е следниот чекор по долгогодишната соработка што ја имаме со СОС Детско село и претставува вистински придонес за една исклучително благородна мисија – овозможување генерации деца да растат во топол дом. Со станувањето дел од оваа мисија „Бимилк“ ја унапредува и развива својата општествена одговорност што преминува во долгорочна цел, истакна Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

За СОС Детско село стекнувањето на стратешки партнер и продлабочување на соработката со „Битолска млекара“ е посебно корисно и потребно во период кога се зголемуваат капацитетите на организацијата и потребата од згрижувачки семејства.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...