На 26 април ќе се одржи третата интернационална конференција за контролинг, на тема „Controller as Change Agent: Hands-on tools & benefits to the company “. Конференцијата ќе биде онлајн, од 09:00 – 16:00, во организација на „Контролинг бизнис центар“. Пријава и информации на: mitka@controlling.mk ; контакт: 389 71 334 845.
Темата на годинешната конференција „Controller as Change Agent: Hands-on tools & benefits to the company“ е инспирирана од неизбежната функција на контролингот во сите подрачја и области. Сведоци сме дека во последните години контролингот е најчесто дискутирана тема, се настојува негова имплементација во сите области, едукација на контролери итн., сè со цел да се подобри продуктивноста на организациите. Постигнување на деловен успех е цел речиси на сите организации без разлика дали се приватни или јавни, за тоа да се постигне потребно е да се обезбедат корисни и правовремени информации врз основа на кои управувањето со организацијата би било ефикасно и ефективно. Одговорноста на менаџментот за успехот на компанијата е сè поголем товар за топ-менаџментот во компаниите поради што во последните години голем број организации пристапија кон имплементација на контролинг-системот. Целта е да добијат поквалитетно управување со идните случувања и врз основа на информациите да добијат одговор на конкретни прашања:
Што да очекувате?
Очекувајте извонреден настан од областа на контролинг, на кој ќе присуствуваат 8 извонредни предавачи од Хрватска, Македонија и Србија и 4 панелисти, кои ќе пренесат практични примери од својата област на работење.
Овој настан ќе се одржи на 26 април 2023 од 09:00 – 16:00, и ќе бидат обработени различни теми од областа на контролинг во производство, малопродажба, трговија, контролинг во човечки ресурси, „Business Intelligence“ софтвер за поддршка на контролингот, анализа на KPI, креирање и анализа на менаџерски извештаи.
Детали за конференцијата:
••Котизација за настанот: 5.600 ден. + ДДВ, 4.500 ден. + ДДВ, за членови на ICV и
слушатели на Академијата за контролинг.
••За пријавени повеќе учесници од иста компанија следува дополнителен попуст!
••Пријава и информации на:
»»mitka@controlling.mk; контакт: 389 71 334 845
••Пристап до конференцијата ќе имаат учесници кои се регистрирале и извршиле
уплата до наведениот рок;
••Комуникација ќе се изведува на: македонски, хрватски и српски јазик;
••Конференцијата ќе биде отворена 30 мин пред почетокот;
••Презентациите од настанот ќе им бидат доставени на сите учесници, по
завршување на конференцијата;
••Нема да биде дозволено снимање на настанот;
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.