Македонија

Пазарните инспектори за шест дена напишаа казни вредни 100.000 евра

24 Mar 2023

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за шест дена, во периодот од 13 март до 19 март извршил над 650 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија. Наплатени и издадени се над 175 прекршочни платни налози со вредност над 6.230.000 денари (околу 100.000 евра).

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед и Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени над 530 инспекциски надзори и контроли по Одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 1.750.000 денари, соопштија од Инспекторатот.

Од таму велат дека покрај редовните контроли, постапуваат и по пријави доставени од граѓаните. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет, велат преку соопштение од Државниот пазарен инспекторат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...