Почнувајќи од април, минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и ќе изнесува 20.175 денари наместо досегашните 18.000 денари. Ова значи зголемување над 12 отсто. Согласно законот за административни службеници, линерано ќе се усогласат и платите на 27.000 работници, како и во другите сектори во кои законите се усогласени со минималната плата, изјави премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на денешната седница на Економско социјалниот совет во Владата.
Бруто минималната плата од овој месец ќе 29.739 денари.
До овој износ е дојдено кога ќе се земат 50 отсто од порастот на трошоците за живот (беа 14,2 отсто во 2002 година утврдена од Државниот завод за статистика) плус 50 отсто од порастот на нето платата во 2002 (беше 10,9 проценти).
Владините претставници на денешната прес - конференција нагласија дека во државата не смее да има пониска минимална плата од 20.175 денари.
Методологијата за постојан раст на минималната плата беше утврдена минатиот февруари, во договор меѓу Владата, работодавачите и синдикатите. Од Владата велат дека оваа методологија е системско решение кое нема да зависи од политички калкулации.
Синдикатот ги повика приватните работодавачи и Владата како работодавач да ги усогласат платите и на останатите вработени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.