Македонија

Тестенините ќе поевтинат за 15 отсто, а млечните производи за 10 отсто

10 Mar 2023

Тестенините ќе поевтинат за 15 отсто, а млечните производи за 10 отсто и нивните цени ќе се замрзнат, најави премиерот Димитар Ковачевски  на денешната прес - конференција. Одлуката ќе почне да се спроведува од 16 март и ќе важи до 31 мај.   

Со одлуката за тестенините се опфатени макароните и шпагетите. За овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година. Одлуката, пак, за млечните производи која ќе биде во сила од 17 март до 31 мај 2023 година се однесува на трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Се намалува продажната цена на тестенини, макарони и шпагети, за 15 отсто или во просек за осум до девет денари. Се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти од 13 март до 31 мај 2023 година.

Ова е втора одлука за замрзнување цени на прехранбени производи, откако на 28 февруари годинава стапи во сила ограничувањето на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Министерот за економија, Крешник Бектеши,најави дека Владата наредната недела ќе ги разгледа анализите на цените за шеќерот, јајцата од кокошки и македонскиот ориз. Ако не се намалат цените на овие произзводи, тогаш најверојатно и таму ќе се донесат одлуки, како што сега донесовме одлуки за макароните, шпагетите и основните млечни производи, рече Бектеши.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...