Македонија

Виктор Петков: Како да се работи кога на семафорот свети црвено?

02 Mar 2023

Виктор Петков, генерален менаџер и сопственик на „Випро“

Како и многупати досега, и сега се поставуваат истите теми и дилеми кои нè следат со години: каде сме, каде одиме, што сме направиле досега, што сме направиле како треба, што сме направиле како не треба... Но, забележувам разлика: во поново време реалноста оди побргу отколку времето потребно за поставување на прашањата.

Динамиката денес е молњевита, се менува од година во година, така што доколку на време не си одговориме на ново датираните прашања тие „сами си наоѓаат одговори“ и животот продолжува... едноставно Кучињата си лаат, караванот си врви.

Ова особено се потенцира на макро ниво, односно на државно ниво, каде е особено важно обезбедување на условите за работа на мноштво фирми и претприемачи кои се есенцијални за одржлив развој на државата, но и на нив самите.

Сведоци сме на повеќегодишна мултиплицирана криза со поминати помали или поголеми економски кризи кои предизвикаа нарушеност на севкупните синџири на снабдување и пораст на цените. Се поставува прашање: како да воспоставиме одржлив пораст во такви услови?

Сведоци сме на повеќегодишна мултиплицирана криза со поминати скорешни помали или поголеми економски кризи особено пандемијата, војната во Украина и последиците од тоа: нарушеност на севкупните синџири на снабдување и пораст на цените. Се поставува прашање: во такви услови како за нас, за себе, да воспоставиме одржлив пораст?

Светот е поле на натпревар... рекол Гоце Делчев, но не рекол дека во тој натпревар ќе има „ниски удари“, нелојални коалиции, занемарување на професионалците и компетентните личности, односно хаотично неединство на Македонија... уште помалку можел да ги претпостави сегашните кризи.

За жал, на семафорот на нашето поле на натпревар имаме повеќе сериозни црвени светла: 1. Енормно отселување на нашиот најголем капитал - млади и обучени кадри во развиените земји; 2. Растечка инфлација; 3. Растечки трговски дефицит; 4. Континуирано зголемување на нашето меѓународно задолжување; како и редица специфични интерни проблеми преку нарушен регионален развој и пораст на сиромаштијата. За жал, караванот си врви, зборуваме за промени, но промените не се забележуваат?! Сè повеќе економските, еколошките и социјалните проблеми во Македонија се изоструваат, се спојуваат и стануваат уште пострашни. Виртуелниот свет нè заслепува така што последиците за Македонија како сиромашна земја можат да бидат катастрофални.

И во таква ситуација нашето пронаоѓање на макро и на микро ниво како фирми и претприемачи навистина ќе биде тешко. Во контекст на ова, „Випро“ и сега и порано не застана; можеби не можеме да трчаме доволно брзо, но колку можеме толку... Почнавме со поголема грижа околу вработените, особено за стручните и професионалните кадри, поголема грижа за енергенсите и нивно рационално трошење, инсталиравме фотоволтаици, имаме постојан акцент на развој и техничко-технолошкото усовршување, акцент на посилни трговски врски со светот, посебна грижа за здравјето на сите нас... Со реализирање на наведените предизвици, очекуваме нашиот одржлив развој да продолжи, нашата успешна приказна со воведување на Домашниот ајвар пред 25 години да продолжи... Визијата за убав македонски ајвар денес е потврдена како од „Випро“ така и од повеќето успешни македонски компании со повеќе од 30 милиони евра извоз во повеќе од 30 светски дестинации. Се надевам и очекувам да продолжи... Нашиот одржлив развој т.е. развојот на целокупното македонско стопанство истовремено е и одржлив развој на државата. Да се надеваме на подобро утре.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...