Македонија

„Кораб Трница“ лансира паштети во три вкуса

23 Feb 2023

„Кораб Трница“ влезе во нов сектор во прехранбената индустрија, лансирајќи нови пилешки паштети во три различни вкуса: 1. без конзерванси, без вештачки бои и засладувачи на вкус, наменета за деца; 2. со вкус на луто пиперче и 3. паштета која е вистинска иновација, спојувајќи го вкусот на парчиња пилешко месо и мешан кашкавал.

„Кораб Трница“ со својот асортиман, блискост со потрошувачите, квалитет на производите и традиција од 1945 година е етаблиран бренд на пазарот и ужива доверба кај потрошувачите. Сето тоа е само дополнителен поттик да прифатиме нови предизвици и создаваме волшебни вкусови, велат од компанијата.

Од таму нагласуваат дека нивната паштета со мешан кашкавал е единствена во Македонија. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...