Македонија

„Гебрудер вајс“ со нова локација во Тирана

13 Feb 2023

На 6 февруари „Гебрудер вајс“ отвори нова локација во Тирана, главниот град на Албанија. Меѓународната транспортна и логистичка компанија така ја пополни географската празнина помеѓу Црна Гора и Северна Македонија и ги проширува своите транспортни врски во Југоисточна Европа. Со своите локации во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, сега „Гебрудер вајс“ е целосно присутна во Западен Балкан, соопштија од компанијата. 

Транспортот од и кон Албанија се зголеми значително во изминатите дест години. Поголемиот дел од транспортираната стока доаѓа од Европската Унија. Со локацијата во Тирана, најважниот транспортен центар во земјата, сакаме да им понудиме на клиентите од индустријата и трговијата директна врска помеѓу Албанија и земјите од ЕУ, вели Томас Мозер, директор и регионален менаџер во Black Sea/CIS регионот при „Гебрудер вајс“. 

Предусловите за тоа се добри: логистичката компанија има густа патна транспортна мрежа во соседните земји, како и во Средна и Источна Европа. Во првиот чекор, ќе ги прошириме постоечките линии помеѓу Северна Македонија (Скопје) и Албанија во двете насоки. Новите врски до Италија, главниот трговски партнер на Албанија, исто така се испланирани“, вели Дорина Ислами, менаџер за Албанија во „Гебрудер вајс“. 

Економските изгледи во Албанија се позитивни повторно по пандемијата на коронавирусот. Во 2023 година се очекува економски раст за околу три проценти. Увозите, како храна, машини, хемикалии и текстил доминираат во трговијата. Извозите во Европската Унија, со која постои договор за слободна трговија од 2009 година, вклучуваат облека и храна, железо и челик, како и други суровини. 

„Гебрудер вајс“ со седиште во Лаутерах (Австрија), е глобален логистички провајдер со целосно сервисно портфолио, со околу 8.000 вработени и 180 локации во сопственост на компанијата. Неодамна, претпријатието оствари годишна продажба од 2,5 милијарди евра (2021 година). Портфолиото вклучува транспортни и логистички решенија, дигитални услуги и управување со синџирите на снабдување. Комбинацијата на дигитална и физичка експертиза й овозможува на групата брзо и флексибилно да реагира на потребите на клиентите. Со голем број еколошки, економски и социјални мерки, семејниот бизнис, чија историја во транспортната индустрија е долга повеќе од 500 години, денес се смета за пионер во однос на одржливиот менаџмент

Фото: „Гебрудер вајс“ / Елтон Џафколари

  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...