Македонија

Пакет.мк се шири низ цела Македонија

07 Feb 2023

Пакет.мк, најголемата платформа за онлајн купување во Македонија, стана достапна и во Куманово. Граѓаните на Куманово отсега преку Пакет.мк може да купуваат храна, намирници, производи за домот и градината, суплементи и производи од аптека, бебешки производи, играчки и детски аксесоари и уште многу други категории производи и да ги добијат нарачките на саканата адреса пред врата уште истиот ден.

Проширувањето на нашата мрежа и достапноста на нашата услуга се должи на промената на потрошувачките навики и растечкиот тренд кај граѓаните за онлајн купување. Овој тренд се јавува како одговор на современото живеење, додека сигурноста во услугата, плаќањето и квалитетот на доставените производи е наш приоритет. Изборот на категории, точноста, брзината, грижата за корисниците и одличните цени секојдневно ја зголемуваат довербата на купувачите во Пакет.мк. Веќе пет години работиме на развој на системот во Скопје, создавајќи ја најголемата и најсофистицираната логистика за е-трговија во Македонија. Како резултат на ова, многу скоро услугата на Пакет.мк ќе биде достапна низ целата држава, вели Драган Јосифовски, основач на Пакет.мк.

Пакет.мк има имплементирано највисоки стандарди за квалитет, а носител е и на беџот „Верификуван е-трговец”, од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) со кој се издвојува како регистриран правен субјект кој ги исполнува високите услови за обавување на дејноста е-трговија согласно законските прописи и светските стандарди во оваа индустрија.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...