На денот кога Владата на РС Македонија ја одбележува првата годишнина од работењето, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), Бранко Азески, поставува пет прашања...
Пет прашања до владата по повод годишнината:
П.С. Имавме и имаме успешни заеднички проекти: зголемување на конкурентноста со ревидирање на царинските стоки; зголемување на финансиската поддршка за компаниите кои инвестираат и кои воведуваат иновации; допрецизирање на листата за непризнавање трошоци за даночни цели на данокот на добивка; овозможување доброволно регистрирање ДДВ во кој било период од годината, како и навремено враќање на ДДВ. Овде може да се споменат и соработката во решавањето на проблемите произлезени од енергетската криза, регионалните иницијативи, како и беспоговорната комуникација на сите нивоа, што значи дека Владата секогаш беше отворена за соработка. Не дека ние не знаеме оти Владата е одговорна за целокупниот живот во државата, но во тоа милје бизнисот мора да има посебно место поради бројките, приходите и поради кохезивноста во своето работење. Владата е наш партнер и овие прашања ги поставуваме најдобронамерно, без никакви калкулации, зашто само во услови на консензус може да се најде излез од кризите и да се постигнат позитивни економски резултати.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.