Македонија

„Пакомак“ постави нови вендинг машини

11 Jan 2023

Со цел поддршка и поттикнување на граѓаните во селекцијата на амбалажниот отпад, „Пакомак“ постави девет нови софистицирани вендинг машини во „Веро“ супермаркетите. Станува збор за дел од нова инвестиција која ќе вклучува вкупно 30 повратни вендинг машини за амбалажен отпад. Останатите ќе бидат поставени во февруари на различни локации низ земјава.

Очекувањата се дека со поставување на новите 30 машини, кои се побрзи, поедноставни за користење и со поголем капацитет, ќе може и полесно да се остварат поставените национални еколошки цели.

Ако оставиме пластичните шишиња и алуминиумските лименки да се депонираат на депонија, ризикуваме дополнително загадување на животната средина, а доколку се соберат со вендинг машините тие може да генерираат приход за населението и бенефити за самата општина. Затоа со овој проект, што е поддржан од Швајцарската Амбасада, покрај тоа што поставуваме машини, ги едуцираме и стимулираме општините дека и тие треба да ги охрабрат своите граѓани да ги користат овие машини, изјави Ико Брдароски, менаџер за развој на бизнис и комуникации во „Пакомак“.

Повратните вендинг машини претставуваат технологија која овозможува софистициран начин на собирање на отпадот. Тие истовремено служат како стимулација за населението да ги селектира пластичните шишиња и лименките, благодарение на нивниот систем за наградување на собирачот. Овие машини се синхронизирани со мобилната апликација Екомак, преку која се собираат наградните „зелени поени“, кои потоа можат да се искористат за купување ваучери и производи.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...