Македонија

ССМ: 51. 235 денари беше минималната синдикална кошничка за декември

09 Jan 2023

На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во декември 2022 година, на четиричлено семејство му биле неопходни 19 226 денари за исхрана и пијалаци, 13. 093 денари за домување, 3. 050 денари за одржување на хигиена, а 3 668 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2. 255 денари, за култура 1 067, а за одржување на здравје 801 денар.

Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни 43.163 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8. 071 денар се доаѓа до бројката од 51.234 денари, прецизираат од ССМ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...