„Кола“ доби нов комерцијален директор, известија од компанијата.
Успехот на 30 години постоење со континуиран раст и развој на нашата компанија се должи на визионерството и посветеноста на нашиот тим и на нашите партнерства. Заедно ги изградивме столбовите на нашата компанија со несебичните вложувања на секој од нас кои секогаш ја имаат одликата „НИЕ” во резултатите и споделување на успехот. Создадовме успешна приказна која и во иднина ќе биде дел на секој од нас и предизвик за уште поголеми успеси. Би сакале да споделиме дека оваа година го зацврстивме управувањето со воведување на стратешко управување како и назначување на позицијата комерцијален директор. Со задоволство ја споделуваме новоста дека оваа амбициозна позиција во нашата компанија ја доби Кети Ангелковска, соопштија од „Кола“.
Ангелковска веќе 19 години е дел од успешната приказна на „Кола“. Претходно беше директор на дивизија „Нектар“, „Бамби“, сега за „Унилевер“. Како што истакнаа од компанијата, таа со својот ангажман има докажани резултати, кои и во иднина ќе ги остварува.
Кети Ангелковска е магистер по финансиски менаџмент на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.