Македонија

Mинималната потрошувачка кошничка достигна 51.714 денари

13 Dec 2022

Според Сојузот на синдикатите на Македонија во ноември минималната потрошувачка кошничка изнесуваше 51.714 денари, што е за 200 денари повеќе од октомври и за 1.490 денари повеќе од септември.

Најголем дел од овие пари одат за храна, минимум 19.518 денари, за режиски трошоци 12.983 денари, 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. За културни активности, според синдикалната минимална кошничка, остануваат 1.067 денари, а за здравствени услуги само 799 денари.

Во ноември минатата година пак, синдикалната кошничка изнесуваше 34.893 денари. И тогаш како и сега, најголемиот дел од средствата беа за храна, потоа за домување, превоз, хигиена, облека и обувки, култура и здравје,Трошоците на живот во ноември се зголемени за 19,5 проценти во споредба со истиот месец лани, а цените на мало за 15,2 проценти. Оваа статистика ја објави Државниот завод за статистика, според кој пак, во однос на октомври, кај трошоците на живот се бележи зголемување од 0,5 проценти, а кај цените на мало за 0,2 проценти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...