Македонија

Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирана струја

09 Dec 2022

Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата.

Субјектите од оваа категорија кои не поднеле документи или при пријавата поднеле некомплетни документи, можат да се пријават со комплетна документација до 20 месецов и да бидат снабдувани преку ЕСМ Продажба од 1 јануари следната година, потсетуваат денеска од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Во меѓувреме, ЕСМ го објави списокот со прехранбените фирми кои од 1 декември со посебни договори добија субвенционирана електрична енергија по 80 евра од мегаватчас. Станува збор за 187 компании кои пријавиле 308 броила. 

Одлуката на Владата со која на ЕСМ Продажба му се даде обврската за снабдување на дополнителен број потрошувачи, појаснуваат од ЕСМ, е донесена со цел да се спречи раст на цените на одредени прехранбени производи и да се постигне и нивно намалување. ЕСМ Продажба, по истата одлука, досега снабдува 309 јавни основни и средни училишта и 51 водостопанско и комунално претпријатие кои работат со пумпни или пречистителни станици. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...