Македонија

Од 1 декември двојно пониска цена за струја за 235 прехранбени компании

24 ное 2022

Вкупно 235 прехранбени компании потпишале договор со ЕСМ Продажба за поевтина електрична енергија по фиксна цена од 80 евра по мегаватчас, објави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес - конференција.

Оваа бројка е констатирана по истекувањето на рокот за аплицирање, односно за поднесување на документи, кој беше со важност до вчера.

Останатите кои не успеаја навремено да поднесат документи, ќе можат да аплицираат за поевтина електрична енергија од 1 јануари, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека со оваа мерка очекува сите овие компании да ги намалат цените на своите прехрамбени производи.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа е двојно поевтина цена за компаниите од цените на регулираниот пазар.

Намалувањето за 10 отсто на цените на нивните производи е реално согласно анализите на Министерството за економија. Маржите се ограничени, а Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли на цените, изјави Бектеши. 

Поевтина електрична енергија по цена од 95 евра од мегаватчас ќе добијат и 233 основни и средни училишта и 50 водоводни претпријатија кои се пријавиле на повикот на ЕСМ Продажба.

  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...