Македонија

Над 450 етикети на вино за посетителите на шестото издание на „Винодонија“

14 Nov 2022

Шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“ годинава ќе се одржи на 25 и 26 ноември во Скопје, во хотел „Мериот“. 

Гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивна бројка од над 450 етикети на вино.

„Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: за два дена ќе се случат 5 работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“. Гостите ќе имаат можност да добијат нови вински информации директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија. Во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од 15-тина гастрономски брендови од Македонија.

Во рамки на „Винодонија“, настап ќе има џез бендот на македонскиотмузичар Георги Шаревски.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...