Македонија

АХВ: Се повлекува од продажба трајно млеко Milkano поради токсин

07 Nov 2022

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека од продажба се повлекува небезбедно трајно млеко Milkano со 3,2 отсто масленост поради присуство на афлатоксин М1. Агенцијата во соопштението ги повика потрошувачите кои го имаат купено овој производ со конкретен сериски број, истиот да не го консумираат и да го вратат на местото од каде што гo купиле.

Станува збор за оваа серија: 

„УХТ Трајно млеко, Milkano, 3,2 отсто масленост
Сериски број/лот- LOT FD04
Датум на производство: 05.10.2022
Рок на употреба: 04.03.2023
Причина за отповикување: присуство на афлатоксин М1
Производство: Mлечна индустрија ми 99 – Градачац, Босна и Херцеговина, со одобрен број ml 2-166
Увозник: „Стокомак ДОО Скопје“
Дистрибутер: „Стокомак ДОО Скопје“

Од „Стокомак“ преку соопштение на Фејсбук ги повикаа своите купувачи доколку го купиле овој производ, истиот да го вратат во нивните маркети, по што ќе им биде надоместен целиот износ. Поради овој пропуст, додаваат оттаму, повеќе нема да соработуваат со оваа млекара. Воедно, ве информираме дека останатите датуми од овој производ како и останатите Milkano производи не се спорни во овој случај, соопштија од „Стокомак“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...