Трговскиот синџир „Жито“ ја почна втората наградна игра годинава под слоганот „Биди лојален, биди награден!“.
Наградната игра почнува денеска (1 ноември) и ќе трае 45 дена, до 15 декември. Наградниот фонд изнесува повеќе од 2.100.000 денари и вклучува телевизори, мобилни телефони, вредносни ваучери и потрошувачки картички. Главните награди се три потрошувачки картички од по 100.000 денари и една од 250.000 денари. Право на учество имаат сите што поседуваат лојална картичка Жито Клуб.
Извлекувањето на наградите е предвидено да се реализира на голема забава на отворено на 24 декември, пред управната зграда на компанијата и маркетот „Жито Ване“ во Велес.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.