Искуствата се единствената можност да знаете повеќе од другите. Дозволете си неверојатно искуство во светот на Шкотско виски со вкус на море, Talisker Single Malt Scotch Whisky, пијалак кој предизвикува уникатни искуства. Затоа со гордост го најавуваме мастеркласот за светот на Talisker Single Malt Scotch Whisky на годинешниот „Скопје Виски Фест 22“ во хотел „Мериот“.
Првиот мастерклас за Talisker – Made by the sea ќе го одржи Николај Неијков (Nikolay Neykov ) - Diageo Reserve Brand Ambassador со долгогодишно искуство и познавање на сингл малт виски категоријата. На уникатното и професионално предавање од Нејков, учесниците на овој мастерклас ќе вкусат три различни сингл малта на Talisker во комбинација со храна, и имаат можност да добијат и подарок.
Оние кои навреме ќе обезбедат билети за овој мастер клас кој е ограничен на само 25 посетители, ќе имаат ексклузивна можност да дегустираат Talisker 15, неверојатно редок примерок во светот (само 4000 шишиња од овој сингл малт се произведени изминативе 4 години), дел од специјалната серија на Diageo за 2019 кој не е достапен за продажба во земјава. Картите се пуштени во продажба онлајн на линкот на сликата.
Научете повеќе за Talisker Single Malt - Шкотско виски со вкус на море
Само малку места во Европа останаа мистични, едно од нив е островот Скај. Сместен долж западниот брег на Шкотска, постојано погоден од морски бури што се издигнуваат од северниот Атлантик. Островот Скај е полн со вдлабнувања и заливи – па морето не само што го опкружува, туку и продира длабоко во срцето на островот, во копното. И токму тоа, влијание на океанот го прави исклучителен Talisker Single Malt Scotch Whisky, со своите уникатни карактери, солени, морски и лути ароми извлечени од Атлантскиот Океан, кои исто така се мешаат со добра мешавина на чад од тресет.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.