Малопродажниот синџир „Жито“ продолжува со обновувањето и проширувањето на мрежата низ целата земја. Последен во низата реновирани маркети е продавницата лоцирана на улица Кузман Шапкарев, бр. 16, во скопската општина Ѓорче Петров.
Ова е уште еден во низата реновирани објекти, во кој воведуваме нови трендови и го организираме просторот во согласност со потребите на потрошувачите. И во следниот период ќе продолжиме со реновирањето и проширувањето на нашата мрежа низ целата земја, велат одговорните од „Жито“.
Како што информираат, во реновираниот маркет може да се најде зголемен асортиман од различни категории производи, вклучително и приватната трговска марка 5ка. Маркетот располага и со оддел за свежо овошје и зеленчук, што секојдневно се надополнува од доставувачот Fruit Land.
Продавницата е со вкупна површина од околу 500 квадратни метри, има сопствен магацински простор и три наплатни каси. За услугата се задолжени 15-ина вработени, а работното време е од 7:30 до 21:30 часот, од понеделник до сабота.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.