Македонија

„Витаминка“ на саемот „Интерфуд & дринк“ во Софија

06 Oct 2022

Со целосниот асортиман веќе достапен на бугарската јавност, Витаминка и годинава се претставува на „Интерфуд & дринк“,  една од најголемите саемски манифестации за храна и пијалаци во Југоисточна Европа што одржува во Бугарија.

Најголемата кондиторска компанија во земјава го претставува своето богато портфолио, составено од производи од сите сегменти и од слатката и солената програма.

„Интерфуд & дринк“ е познат по тоа што претставува погодна средина за споделување искуство и иновативни пристапи во производните процеси. Освен од домашните компании, посетен е од голем број странски компании, дистрибутери, продажни синџири, деловни делегации, трговски друштва и слично.

Компанијата „Витаминка“ и нашите производи се многу добро познати на бугарската јавност, и тоа ни дава голема предност при претставувањето тука. Но, тоа што „Интерфуд & дринк“ ги спојува најголемите компании од овој сектор во Југоисточна Европа и големото присуство на компании, дистрибутери и продажни синџири токму на овој саем, го прави клучен за нас за воспоставување директни бизнис-релации и со тоа за создавање реални можности за проширување кон нови пазари, вели директорот на извоз, Љупчо Велески.

Како дел од саемските содржини и во насока на отворање можности за соработка, е и платформата за многу конференции, натпревари, презентации, семинари, деловни состаноци и друго. „Интерфуд & дринк“ се одржува од 5 до 8 октомври, со повеќе од 550 изложувачи, повеќе од 1.200 брендови и се очекува посетеност од над 24.000 посетители и купувачи.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...