Македонија

Отворен e реновираниот „Жито“ во Железара

29 Sep 2022

Малопродажниот синџир „Жито“ продолжува со обновувањето и проширувањето на мрежата низ целата земја. Последен во низата реновирани маркети е продавницата лоцирана на улица Филип Филиповиќ, број 2А, во населбата Железара, во Скопје.

Ова е уште еден во низата реновирани објекти, во кој воведуваме нови трендови и го организираме просторот во согласност со потребите на потрошувачите. И во следниот период ќе продолжиме со реновирањето и проширувањето на нашата мрежа низ целата земја, велат одговорните од „Жито“.

Како што информираат, во реновираниот маркет може да се најде зголемен асортиман од различни категории производи, вклучително и приватната трговска марка 5ка. Маркетот располага и со простор за свежо овошје и зеленчук, што секојдневно се надополнува од доставувачот Fruit Land.

Продавницата е со вкупна површина од речиси 700 квадратни метри, има сопствен магацински простор и три наплатни каси. За услугата се задолжени 15-ина вработени, а работното време е од 7:30 до 21:30 часот, од понеделник до сабота.

Gallery: Жито - Железара



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...