Македонија

Уставниот суд утре треба да „пресече“ дали ќе се работи во недела

13 Sep 2022

Уставниот суд утре ќе расправа за неделата како неработен ден, потврдија од оваа институција преку соопштение до медиумите.

Вчера, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, рече дека оваа асоцијација на стопанствениците не ја повлекла иницијативата за оцена на уставноста за неработењето во недела. Тој рече дека во јануари имале две недели да се постигне договор со Владата за ова горливо прашање за бизнисот. Бидејќи до договор не дошло, иницијатаивата не е повлечена, а конечната одлука се очекува да ја донесе Уставниот суд. 

Од Уставниот суд денес соопштија дека на седницата којашто е закажана за утре, 14 септември, во 9:30 часот ќе расправа и за Рефератот У.бр.4/2022 кој е подготвен по претходно поднесена иницијатива од страна на Стопанската комора на Северна Македонија.

Се работи за предмет во кој е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, кој што во својата содржина опфаќа ‘работа во недела, посочија од Уставниот суд.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...