Фармацевтската компанија „Реплек“ го продава „Хубо маркет“, за што ќе објави јавен повик, соопшти компанијата преку Македонска берза.
Како што се наведува во соопштението потпишано од генералниот директор Душан Пецовски, акционерското друштво „Реплек“ ќе даде јавен повик за прибирање понуди за продажба на 100 отсто удел, кој го поседува како единствен содружник во „Реплек маркет“ и што претставува повеќе од 5 отсто од средствата на друштвото определено врз основа на последните ревидирани годишни финансиски извештаи.
Групацијата „Реплек“ ја извршува дејноста преку три правни субјекти: „Реплек“ – веледрогерија за големопродажба на лекови, медицински помагала и медицинска опрема; „Реплек фарм“ – фабрика за лекови и хемиски производи; и „Реплек маркет“ – друштво за трговија на големо и мало, увоз-извоз и услуги.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.